Талјатели со крем сос од тиквички
Состојки
- 350гр. талјатели
- Сос
- 2 помали тиквички
- 2-3 чешниња лук
- 200гр. котаџе сирење
- 15 кикирики
- по потреба сол, црн бибер, маслиново масло
Подготовка
Талјателите ставете ги да се варат во поголема количина солена зовриена вода.
Во тава на оган ставете маслиново масло да се загрее и додајте ги тиквичките изрендани на тенки листови.
Посолете и пржете додека тиквичките омекнат.
Пред крај на пржењето додајте го сецканиот лук.
Испржените тиквички префрлете ги во блендер и додајте го сирењето и кикириките.
Наросете сосема малку бибер.
Во вака спреманиот сос додајте ги талјателите со малку вода во која се вареле и убаво измешајте.
Послужете ги топли.