Колачиња кечиња (со локум)
Состојки
- 500 грама мелени бисквити
- 500 грама мелени ореви
- 100 грама локум
- 125 грама маргарин
- 50 грама кокос
- 1 лажица какао
- малку сок од портокал за замесување на тестото
- 1 кесичка шлаг
- цедалче за лимон
Подготовка
Маргаринот се мати со миксер.Потоа се додаваат другите состојки.
Се замесува тесто од кое се формираат топчиња. Топчињата ги ставаме во цедалка за лимон намачкана со масло и ги вадиме колачињата.
Одозгора ставаме топчиња со шлаг.