Тробоен солен куглов
Состојки
- состојки
- 4 јајца
- 200мл. јогурт
- 100мл. масло
- 22 лајци брашно
- 1 печиво
- уште и...
- 2-3лајци ајвар
- 120гр. бело тврдо сирење
- 2 раце блитва
Подготовка
Јајцата се бијат со малку шеќер, се додава млак јогуртот, потоа маслото, се исклучва миксерот и со мешање со пластична лајца се додава брашното, печивото, се дели на 3 дела смесата во 3 одделни садови.
Во едниот дел се става ајварот, во другиот сирењето, а во третиот бланширана блитвата и сечкана. Смесите во разни бои се тураат една по друга во силиконски калап за куглов, се печи во загреана рерна на 180. Испечениот кекс се витка во крпа сосема да олади, се сечи потоа.