Испечати

Селско месо со доматен сос

Селско месо со доматен сос

Состојки

  • 400гр. свинска кртина
  • 2- 3главици кромид
  • 2 моркова
  • 200гр. свежи шампињони
  • 200гр. свеж вргањ
  • 150мл. доматна салса
  • 6 чешниња лук
  • 1 лажица сецкан свеж магдонос
  • по потреба масло, црн бибер, мешан сув зачин
  • 7-8 суви пиперки

Подготовка

Месото исечете го на коцки и ставете го во тенџере со кромидот да се пропржи.
Откако малку ке ја смени бојата додајте ги печурките исечени на парчиња, круговите морков и продолжете со пржење.
Откако убаво ќе се запржи смесата во тенџерето зачинете со црн бибер, мешан сув зачин и сувите пиперки.
Налејте малку топла вода, поклопете со капак и оставете на тивок оган да се динста.
Во текот на динстањето налевајте по потреба топла вода.
Откако месото ќе омекне додајте ја доматната салса, сецканиот лук и магдоносот и оставете уште малку на оган да врие се заедно.
Послужете со свежа салата.