Чоколадни бомбици
Состојки
- 500 гр. мелени бисквити
- 2 лажици какао
- 4 лажици шеќер во прав
- 150 гр. мелени ореви (лешници или бадеми)
- 250 гр. маргарин
- Глазура
- 100 гр. чоколадо за готвење
- 1 лажица маргарин
Подготовка
Во еден сад измешајте ги сувите состојки (бисквитите, какаото, шеќерот и орасите). Маргаринот растопете го на тивок оган и оставете малку да се излади (да биде млак). Додадете го во смесата и убаво промешајте. По потреба додадете млеко за да добиете една хомогена смеса.
Од смесата направете топчиња и оставете ги во фрижидер малку да се стегнат.
Чоколадото растопете го на пареа заедно со маргаринот. Топчињата потопувајте ги во глазурата и оставете ги во фрижидер да се стегнат. Можете по желба, и да ги валкате во мелени ореви, кокос и сл.
Од смесата излегуваат околу 40 парчиња.
Бомбициве се бомбастични!! Превкусни се и едноставно човек неможе да се донајаде од нив.
Нека ви се наздравје!