Чоколадно кафе
Состојки
- 200 грама чоколадо
- 200 милилитри вода
- 800 милилитри млеко
- 200 грама шеќер
- 100 милилитри кафе
Подготовка
Чоколадото се ренда и се става во загреаната вода. Го топиме на тивок оган, па го додаваме млекото со шеќерот. Убаво се разматува да се растопи шеќерот. На крај се додава свареното кафе.
За помалку може да се намалат состојките.