Пржен пудинг
Состојки
- За смесата
- 1 кеса пудинг од ванила
- 2 лажици шеќер
- 300 мл. млеко
- За поховање
- 1 јајце
- 2- 3лажици брашно
- 6 лажици презла
- малку путер
- За посипување
- 4 лажици кристал шеќер
- 1/2 лажичка цимет
- 3-4 лажици мармалад од кајсии
Подготовка
Малку поинаков пудинг. Дубравка, благодарам
1. Во шест лажици млеко растворете го пудингот. Во остатокот од млекото додадете шеќерот и сварете густ пудинг. Веднаш излејте го во мала модла и израмнете го пудингот, нека биде во висина од околу 2 см. Оставете да се лади 3-4 часа. Откако се излади исечете го на коцки во големина која сакате вие.
2. Секоја коцкичка валкајте ја прво во брашното, потоа во јајцето, па во презлата, пржете до браонкаста боја.
3. Испржените коцки валкајте ги во мешавината од шеќерот и циметот.
4. Стоплете го малку мармаладот од кајсии и прелијте ги коцките со тенок млаз.
Сервирајте.
Забелешка
- Од оваа доза излегува многу малку, ако ви се пристори примамливо, веднаш дупла доза правете, а вкусно е
- Јас денес го правев со пудинг Бурбон ванила, не стасав ниту да ги прелијам коцките, а бев спремала мед бидејки оваа комбинација на бурбон ванилата и медот се вклопуваат, заминаа без прелевање затоа и немам ниту слика