Сарма во лист од штавел
Состојки
- Поголеми листови од штавел
- 400 гр. мелено месо
- 1 чаша од 200 мл. ориз
- 1 глава кромид
- на вкус зачини по ваш избор
- 1 помал морков
- За сос
- 1 јајце
- 400 мл. кисело млеко
Подготовка
Омилена...нема што не сакам..ама оваквите сарми мотани во она што природата дарува, неодминливи се. Овој пат сармите од штафел...
1. Најрпво сварете го оризот ал-денте, процедете и прелијте со ладна вода да не се залепи. Оставете да се цеди.
2. Во тавче на зејтин пропржете го ситно сецканиот кромид и морковот, додадете го меленото месо.. нека се пржи, додадете исцедениот ориз, уште кратко време да се пропржи, додадете магданосот и остнатите зачини, тргнете настрана.
3. Изберете поголеми и млади листови од штафел.
4. Во тенџере ставете да проврие вода во која ќе додадете малку оцет. Ставете ги листовите штафел во водата и нека стојат малку време односно додека не омекнат, а тоа трае кратко.
5. Вадете од листовите, ставете од припреманата смеса, замотајте сарма и се така додека се потроши целиот фил.
6. Наредете ги во тавче или тенџере (зависи дали ќе ги варите или подпечете), залејте ги со вода до покривање на сармите, налегнете ги со тањир одозгора, ставете во рерна или рингла, нека се варат околу 15 мин. на тивко.
7. Изматете ги јајцето и киселото млеко, малку осолете, додајте лажичка оцет, (може и помалку). Извадете го тавчето од рерната (ако ги варите, одклопете тенџерето), од водата во која се варат сармите додадете внимателно кај млекото и јајцето за цело време бркајки со вилушката. Потоа со вака спреманиот сос прелијте ги сармите и вратете назад на огнот колку да проврие... Послужете,
Совет
- не дозволувајте премногу да омекнат листовите бидејки ќе се кинат и нема да можете да смотате сарма.
- Бидејки оризот е веке ал-денте сварен (варен-недоварен) не е потребно да се сармата вари премногу време
- Бидејки водата во која се варат сармите ќе ја истурите кај сматеното јајце и млеко. Можете да ги вратите назад сармите на огнот, а сосот сам засебно да го провриет. Тогаш послужете да секој сам ги залее онолку колку што сака
- Потребно е да ставите малку оцет за да не ви се згрутчи јајцето и млекото
- Како и да користите сосот - залиени сармите и повторно подпечени или засебно да се служи сосот... ако ги спремите, ќе се уверите дека секако е вкусно...