Испечати

Шпагети со соја трошки

Шпагети со соја трошки

Состојки

  • 500 гр. (или помалку) шпагети
  • 50 гр. соја трошки
  • 3 лажици доматен сос (не мора)
  • масло по потреба
  • сол,сув зачин,бибер по вкус

Подготовка

Во големо тенџере ставете вода, кога ќе почне да зоврива додајте ја солта и мешаниот сув зачни и малку масло. Додајте ги шпагетите. Ако сакате може га ги прекршите на половина.
Варете додека да омекнат без мешање, а потоа со привремено мешање. Варетете ги додека да омекнат, најдобро пробајте бидејќи некој ги сакаат онака малку повеќе или помалку варени. Во меѓувреме во тенџере ставете вода да зоврие и тргнете ја настрана, додадете ги соја трошките и сол,мешан сув зачин.
Покријте ги со капак и оставете 10 мин. да набубрат, а потоа исцедете ги и на загреано масло во тавче малку запржете ги и додајте сол, бибер и доматен сос ако имате. Мешајте малку колку да се спојат, а потоа додадете ги претходно сварените и иседени шпагети. Примешајте ги малку и извадете ги и служат ги топли.