Тиквички со лук и кисело млеко
Состојки
- 2 тиквички
- 2 јајца
- 200 грама кисело млеко
- брашно ( од прилика за валкање на тиквичките)
Подготовка
Тиквичките се лупат сечкаат на кругови и се пржат извалкани во јајца и брашно. Ги оставаме да се изладат, па ги сечеме на парчиња со средна големина,
Лукот го толчиме во сад, го додаваме киселото млеко,тиквичките, сол и малку масло.
Промешуваме.
Многу е вкусно и освежително.