Медени колачи
Состојки
- 3 јајца
- 3лажици мед
- 3филџани шеќер
- 3филџани зејтин
- 10гр сода бикарбона
- 1/2лажичка цимет
- 800-1кг брашно
- 1 пециво
- полнење и глазура
- 150 гр чоколада за готвење
- 1/2 тегла мармалад по ваш избор
Подготовка
Се замесува тесто од сите состојки.Тестото треба да е средно и затоа брашното се прилагодува према раката.
Тестото се сука во кора 5мл дебелина и од него со калапчиња или модли се ваѓаат форми.
Колачите се редат во плех на хартија за печење и се печат 6-8 минути на 180 степени. Кога се топли тие се меки но кога ке се оладат се стврднуваат.
Така испечените колачи се лепат по две со мармалад и одозгора се декорираат по желба.