Испечати

Двобојни тортички со крем сирење

Двобојни тортички со крем сирење

Состојки

  • Жолта смеса
  • 250гр. крем сирење
  • 70гр. шеќер
  • 1 јајце
  • Кафеава смеса
  • 200гр. брашно
  • 200гр. шеќер
  • 30гр. какао
  • 1 ванила
  • 260мл. вода
  • 1 неполна лажичка сода
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка оцет

Подготовка

Во посебни садови од соодветните состојки со жица изматете ги убаво двете смеси.
Калапчињата за мафини премачкајте ги убаво со масло.
Во секоја вдлабнатина од калапчињата ставете 2 лажици од кафеавата смеса, а потоа внимателно на средината по една лажица од жолтата смеса.
Печете ги тортичките на 180 степени, 30 минути(зависно од печењето на рерната).