Испечати

Салата од компири и краставица

Салата од компири и краставица

Состојки

  • 700 гр компири
  • 1 краставица(160гр)
  • 1 мала главица црвен кромид
  • 10 маслинки
  • 4 шери домати
  • 70 гр фета сирење
  • За прелив
  • 6 лажици маслиново масло
  • 3 лажици сок од лимон
  • 3 лажици топла вода
  • 1 лажиче мед
  • 1 лажиче сенф
  • 1 лажиче сол
  • 2 чешнина лук
  • по потреба оригано
  • по потреба бибер

Подготовка

Компирите убаво измиете ги и ставете ги да се варат заедно со лукот во лушпата. Потоа исцедете ги од водата и оставете ги да оладат, а лукот оставете го на страна.

Во меѓувреме подгответе го преливот.
Во мало садче протиснете го лукот од лушпата и изгмечете го со вилушка. Потоа додадете ги и останатите зачини ( освен ориганото) и имешајте ги со вилушка да се добие хомогена смеса.
Компирите излупете ги и исечете ги на плочки, а краставицата со лушпа на кругчина.
Во поголема чинија наредете ги наизменично компирите и краставицата и над нив кромидот исечен на тенки кругови. Прелијте ги со преливот.
Одозгора наредете ги маслинките, доматите, сирењето, наросете ја со оригано и послужете ја.