Тостерки со масло и кисела вода
Состојки
- 4 јајца
- 2 фулџани зејтин ( фулџан што собира 125 мл)
- 1 фулџан шеќер
- 1 л кисела вода или млеко
- 600 грама брашно
- 1 пакетче пециво,малку маргарин за подмачкување на тостерот пред печењето на првата тостерка или по потреба
Подготовка
Јајцата добро ги матиме заедно со шеќерот додека добро се згусти смесата. Го додаваме зејтинот и со миксерот промешуваме колку да се измеша со смесата. Го додаваме млекото или киселата вода. Јас ги правев со млеко. Пецивото го додаваме во брашното, го промешуваме. Постепено додаваме од брашното и на послаба јачина од миксерот уработуваме да не останат грутчиња од брашното.
Тостерот го вклучуваме на 2 или 3 зависно како ви пече апаратот. Внимавајте да не ставате премногу од смесата, за да не ви се залепат при печењето како во мојот случај, Времето на печење околу 3 минути.
Ги правеше ќерка ми овојпат и сакаше да не и асистирам, па затоа не се многу убави на лик. Ама беа секако вкусни. Овој пат не ги филувавме, а секако можете ако сакате со фил по вкус, кремче или мармалад. Добар апетит.