Испечати

Зачинети уштипци од зеленчук

Зачинети уштипци од зеленчук

Состојки

  • 2 млади кромидчиња
  • 1 тиквичка
  • 1 компир
  • 100гр. брашно
  • 2 јајца
  • 4 лажици вода
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 100гр. мешан кашкавал
  • 1 лажичка кари во прав
  • 1/2 лажичка куркума
  • по потреба сол, црн бибер, масло

Подготовка

Во тава со загреано масло ставете го кромидчето да се пропржи.
Додајте ја тиквичката исечена на кратки тенки стапчиња и компирот исечен на поситни коцки.
Посолете, наросете црн бибер, додајте го карито и промешајте.
Пржете додека зеленчукот убаво омекне.

За тоа време во длабок сад изматете ги јајцата и постепено додајте го брашното.
Измешајте убаво и додајте ја водата, пецивото и куркумата.
Посолете и убаво измешајте ја смесата.

Испржениот зеленчук извадете го на кујнска хартија да се впие вишокот мрснотија, а потоа префрлете го во садот со изматената смеса.
Убаво измешајте и со лажица земајте од смесата и пржете на загреано масло.
На секој од испржените уштипци, додека се уште топли ставете рендан кашкавал.