Испечати

Банана ролат со пудинг

Банана ролат со пудинг

Состојки

  • Тесто
  • 6 јајца
  • 150 гр. шеќер во прав
  • 60 гр. брашно
  • 5 лажици мелени ореви
  • Фил
  • 400 мл. млеко
  • 1 пудинг од ванила
  • 200 гр. маргарин
  • 150 гр. шеќер во прав
  • 2-3 банани
  • 400 мл. слатка павлака

Подготовка

Пенасто изматете ги жолчките и 75 гр. шеќер во прав. Додате 2 лажици врела вода и матете додека смесата не стане кремаста.

Во посебен сад изматете ги белките со преостанатите 75 гр. шеќер во прав.

Во жолчките внимателно додадете го брашното и орасите. Постепено додадете ги и белките.

Печете во плех од шпорет на хартија за печење. Се пече на 180°Ц околу 20 мин.
Испечената кора веднаш префрлете ја на крпа, посипете ја со малку шеќер и свиткајте ја како ролат. Оставете кората убаво да се олади.

Фил
Пудингот сварете го со 400 мл. млеко и оставете убаво да се олади на собна температура. Повремено промешувајте го.
Маргаринот се мати со шеќерот во прав и се соединува со пудингот.

Филот се премачкува врз целата кора. На крајот од кората се ставаат бананите и се витка во ролат.
Одозгора се премачкува со изматена слатка павлака и се украсува со листови од бадеми.