Велигденски колач со моркови

Состојки
- 250 гр. моркови ситно рендани
 - 5 жолчки
 - 5 белки
 - 150 гр. шеќер
 - прстофат сол
 - 250 гр. мелени бадеми (може и лешници)
 - 100 гр. брашно
 - 1 пакетче пециво
 - Прелив
 - 200 гр. чоколадо за готвење
 - 1 лажица маргарин
 
Подготовка
Кремасто изматете ги жолчките и шеќерот. Во посебен сад изматете ги белките во цврст снег. Брашното, пецивото, бадемите и солта додадете ги во смесата од жолчки. Во оваа смеса внимателно додадете ги изматените белки. На крај се ставаат и ренданите моркови.
 Се пече во подмачкано и побрашнето тавче бр.26 на 180°Ц околу 50 мин. во зависност од рерната.
Прелив
 Чоколадото и маргаринот стопете ги на пареа.
 Со ова се прелива изладениот колач и се украсува со морковчиња од марципан.