Салата од јајца
Состојки
- 10 тврдо варени јајца
- 1 кафена лажичка сенф
- 4 лажици мајонез
- 2 лажици кисело млеко
- 2 перциња од млад кромид
Подготовка
Јајцата се сечкаат не многу ситно.
Во еден сад измешајте ги сенфот, мајонезот, киселото млеко и ситно сечканите перца од млад кромид. Посолете и побиберете по желба. Со овој сос прелијте ги јајцата и лесно промешајте.
Украсете со перца од млад кромид.
Пријатно!