Торта со јогурт
Состојки
- 500 мл јогурт
- 2 чаши шеќер
- 2 чаши брашно
- половина чаша масло
- 2 лажици какао
- 1 пакетче сода бикарбона
- 100 гр чоколада
- 150 мл млеко
- 10 лажици шеќер
Подготовка
Сите состојки ги мешаме заедно со лажица, и печеме во тепсија(бр.32), во загреана рерна околу 20 минути. Откако ке се испече тортата ја оставаме да се излади. Во меѓувреме го подготвуваме филот, млекото, шекерот и чоколадата ги топиме и така добиената смеса ја ладиме, а потоа на тоа додаваме една коцка маргарин, и мешаме со миксер додека не добиеме убава хомогена смеса, а потоа ја премачкуваме тортата.По желба рендаме чоколадо најпосле.