Испечати

Интегрални мафини со банана и јаболко

Интегрални мафини со банана и јаболко

Состојки

  • 1 банана пасирана
  • 1 зелено јаболко рендано
  • 12 лажици шеќер
  • 120 мл масло
  • 180 мл млеко
  • 2 јајца
  • 1 пециво
  • 8 лажици бело брашно
  • 12 лажици интегрално брашно

Подготовка

Ставете го брашното во сад, додајте го шеќерот, пецивото, измешајте, па додајте го овошјето. Малку изматете ги јајцата со вилушка, додајте го маслото, млекото, промешајте, па додајте ги во садот со брашно. Мешајте со лажица да се соединат состојките и по потреба додајте уште брашно. Ставете да се печат во подмачкан калап за мафини. Печете во загреана рерна додека се кренат и добијат убава боја.