Роловани тортиљи со пилешко и салата
Состојки
- 6 големи големи тортиљи
- 1 парче(450 гр) пилешки гради
- 160 гр шери домати или обични
- 12 мали листови марула
- по потреба масло, сол и бибер
- За салатата
- 150 гр зелка
- 60 гр морков
- 1 и1/2 младо зелено кромидче
- 90 гр јогурт
- 2 лажици мајонез
- 1 лажица сенф
- 1/2 лажиче шеќер
- 1 лажица јаболкова киселина
- по потреба сол и бибер
Подготовка
Пилешките гради исечете ги на шницли, додајте ја солта и биберот и ставете ги да се пржат на масло.
Во меѓувреме подгответе ја салатата.
Зелката и кромидчето исецкајте ги, морковот изрендајте го и ставете ги во сад. Додајте го јогуртот, мајонезот, сенфот, киселината, додајте сол и бибер по вкус и измешајте ја.
Испрженото месо исечете го на тенки траки а доматите на кругчина.
Земете една тортиља и стоплете ја во тава од двете страни по една минута.
На средината ставете по две ливчина марула,над неа ставете ја салата од зелка,потоа доматот и на крај месото.Свиткајте ја во ролат и завиткајте ја во алуминиумска фолија како бомбона.
Истата постапка повторете ја со другите тортиљи.
Готовите заролани тортиљи оставете ги неколку минути за да се спојат вкусовите, потоа послужете ги.
Можат да се јадат одма или оладени во фрижидер.
Овие состојки се доволни и за 8 помали тортиљи.