Салата од карфиол
Состојки
- 600 гр карфиол
- 60 гр кисели краставички
- 60 гр црни или зелени маслинки без семка
- 80 гр кисели пиперки од тегла
- 1 лажица сецкан магдонос
- по потреба масло, киселина и сол
Подготовка
Карфиолот искинете го на мали цветчина и ставете го да се вари во солена зовриена вода 5 минути. Исцедете го и оставете го да олади.
Краставичките, маслинките и пиперките исецкајте ги, додајте ги во карфиолот и измешајте. Додајте ја солта, киселината и маслото по вкус.
Посипете ја со магоносот и послужете ја.