Пудинг ванила топчиња
Состојки
- 2 пудинзи од ванила
- половина литар млеко
- 300 грама кокос
- 1 маргарин
- 1 пакетче чоко стоби флипс
- чоколадни, шарени трошки или кокос за декорација
- 10 лажици шеќер
Подготовка
Во пола литар млеко се варат пудинзите.Додека се врели им додаваме и маргарин да се растопи. Ставаме 300 грама кокос. Мешаме додека добиеме убава смеса, па правиме топчиња кои ги валкаме во кокос, чоколадни или шарени трошки. Одозгора се става лешник или по едно чоко стоби флипс.