Испечати

Полнети пиперки со соја трошки, мисиркино и свинско

Полнети пиперки со соја трошки, мисиркино и свинско

Состојки

  • 9 зелени пиперки
  • 200гр. мелено свинско месо
  • 150гр. мелено мисиркино месо
  • 1 филџан од 150мл. соини трошки
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 1 лажица сецкан магдонос
  • по потреба мешан сув зачин, мелен брн бибер, црвен пипер
  • 1 помал компир

Подготовка

Во тава на оган загрејте масло и додајте го сецканиот кромид и ренданиот морков. Кратко пропржете ги и додајте го меленото месо. Пржете додека месото ја промени бојата и додајте ги соините трошки(претходно потопени во топла вода и исцедени).
Зачинете со мешан сув зачин, црн бибер, црвен пипер и магдонос..
Убаво промешајте.
Секоја пиперка наполнете ја со смесата и затворете ги со парче компир.
Во тавата во која е спремано полнењето додајте топла вода и оставете ја да зоврие.
Наполнетите пиперки наредете ги во тава за печење и посипете ги со зовриената вода.
Печете на 180 степени додека пиперките омекнат.