Мафини со чоколаден пудинг
Состојки
- 300 гр. брашно
- 150 гр. шеќер
- 150 гр. маргарин
- 2 јајца
- 150 мл. млеко
- 1 рендана кора од лимон
- 1 пециво
- Фил*
- 1 пудинг од чоколадо
- 250 мл. млеко
- 2 лажици шеќер
Подготовка
Со миксер се матат заедно маргаринот и шеќерот. Потоа полека се додава брашното помешано со пецивото, ренданата кора од лимон и на крај млекото. Се заедно убаво се промешува.
Пудингот се меша со шеќерот и малку млако, а преостанатото млеко се става да проврие па се вари густ крем. Во корпите за мафини се става една лажица од жолтата смеса, па се става една лажица пудинг и се покрива пак со жолтата смеса. Во загреана рерна мафините ги печеме на 180 Ц. 20 мин.....Мафините можат да се декорираат по желба Ч)