Испечати

Ориз во рерна - прилог

Ориз во рерна - прилог

Состојки

  • 3 филџани (250 мл.) ориз
  • 9-10 филџани вода
  • сол по вкус
  • вегета по вкус
  • 1 главица кромид
  • 2 помали моркови
  • 1 коцка за пилешка супа
  • магданос по вкус

Подготовка

Најпрво се сечка кромидот се запржува на загреано масло се додава предходно изрендатите моркови се пржи окулу 3 минути.

Потоа се додава оризот се остава за се испржи оклулу 4 минути.
Се петура во соодветно плехче се долева предходно зовриената вода (седум филџани) со солта, вегетата, коцката за супа и малку масло.
Се остава на рингла 10 минути со привремено мешање и потоа се става во загреана рерна на 250 степени додека оризот се свари.
Се остава малку да се излади. Одлично е со прилог од пилешко месо или риба.