Испечати

Чорба со батаци, компири и ориз

Чорба со батаци, компири и ориз

Состојки

  • 3-4 големи компири
  • 1 чаша од 150 мл. ориз
  • 1/2 главица кромид+ 1чешне лук
  • 1 коцка пилешка супа
  • 3 батачиња или друго пилешко месо ( за посно може со соја трошки)
  • вода по потреба
  • 100 мл. масло
  • 2 лажици брашно
  • неполна лажица црвен пипер

Подготовка

Во мало тенџерче ставете ги батачињата да се варат.
Во друго тенџере ставете ги излупените, исечени на коцки компири, заедно со оризот и коцката супа. Залијете со вода отприлика 1,5-2 литри вода. Кога ќе проврие додајте сол, сув мешан зачин, ситно исечкан морков, магданос, ситно исечкан кромид, лук. Привремено мешајте да не се залепи оризот на дното.
Кога батачињата се свариле полејте ги со ладна вода да остинат побрзо. Оделете го месото и исцепкајте го. Додајте го во чорбата. Кога оризот и компирот се свариле подгответе ја запршката.
На загреано масло ставете малку да се запржи брашното, па ставете го пиперот измешајте(малку ќе биде густа смесата), ставете го во чорбата измешајте и оствете ушт 5 ми. да покрчка. Тргнете го од оган. Да се излади не многу и служете ја чорбата.