Испечати

Ориз трио со зеленчук

Ориз трио со зеленчук

Состојки

  • 300 гр. ориз трио ( мешавина од интегрален, црвен и див ориз )
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 400 мл вода ( за почеток доволно)
  • 1 коцка за супа зеленчукова
  • 40 гр. путер ( може и зејтин)
  • 200 мл павлака од овес, соја или обична павлака за готвење
  • 100 гр. брокула
  • 100гр. прокељ
  • 50 гр. кашкавал ( пекорино, растителен..по желба)
  • 1 лажица сол со зачини ( магданос, коприва, кориандер, оригано, мајчина душичка)

Подготовка

Оризот одвечер оставете го во вода да отстои ( искисне).
Загрејте го путерот или маслото и додадете го насечканиот кромид и лук и оставете да се продинстаат.
Оризот ицедете го и додадете го во тавата, малку да се пропржи, па додадете 400 мл вода и коцка за супа.
Оставете да се готви 40 минути. По потреба додадете вода, интегралниот ориз си сака подолго готвење на тивко.
Потоа додадете ги брокулата и прокељот и гответе уште 15 минути.
Додадете ја и павлаката за готвење, оставете кратко да се прокрчка уште 10 минути.
На крај изрендајте кашкавал и зачинете.

Уживајте во овој ручек...кој според изборот на намирниците може да биде и посен.
Идеална е вок тавата на делимано за подготовка на ова јадење, обавезно со капак..за оризот убаво да се развари.