Испечати

Пита со тиквица и павлака

Пита со тиквица и павлака

Состојки

  • 2 тиквици
  • 3 јајца
  • 100 гр млеко
  • 150гр сирење
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажица мешан зачин
  • 200 гр павлака
  • 100 гр зејтин
  • 1/2 паковка ким

Подготовка

Денес решив да подготвам една лесна пита.
За почеток ги исеков тиквиците по нивната должина на тенки ленти.
(Тоа го направив со ноже за лупење на компири, она што ги сече тенките лушпи.)
Кога веќе се подговени лентичките, го попрскувам тавчето со масло и почнувам со редење на лентите. Една по една ги виткам кружно, па така како тркалца ги сложувам во тавчето.
Кога тавата е наредена, одиме со подготовка на преливот, кој ќе ја соедини тиквичката во печењето.
Во длабок сад ги матиме јајцата додавајќи им зачин. Потоа го рониме сирењето и поливаме со млекото. Мешаме убаво да се соедини смесата. Ја додаваме и павлаката и брашното, па повторно промешуваме.
Така подготвениот фил, го прелеваме врз тавата со тиквици. Наросуваме ким, врз тавата.
Оставаме да се пече на температура од 150 степени. Печеме околу 35 минути, за убаво да се испече тиквицата.
Откако е добро печена, ја вадиме тавата од рерна и оставаме малку да се излади, а потоа сечеме и сервираме.
Јадењето е лесно и вкусно, за оној го обожува тиквица.
На здравје.