Испечати

Посна торта со пудинг

Посна торта со пудинг

Состојки

  • Кора
  • 1 чаша вода
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша масло
  • 2 чаши брашно
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • 3 лажици мармалад ( било каков)
  • Фил
  • 3 пудинга од ванила ( а може и овошни или комбинирани овошен/ванила)
  • 1 лажица нишесте
  • 10 лажици шеќер
  • 1 маргарин
  • 250 грама шеќер во прав

Подготовка

За кора
За сите состојки се користи чаша за млеко 250 милилитри.
Се ставаат сите состојки по ред, се ренда малку кора од портокал и се става малку сок од портокалот, смесата се меша убаво па се става во намачкан плех со маргарин и се пече во загреана рерна на 200 степени. Откако ќе се испече, се филува и декорира по желба.

За фил
3 пудинзи се варат со вода ( ако сакате мрсна со млеко ) заедно со 10 лажици шеќер и нишестето, се остава да се лади, на страна го матиме маргаринот со шеќерот, па го мешаме со убаво оладените пудинзите.