Испечати

Јо-Јо коцки

Јо-Јо коцки

Состојки

  • 300 гр. црно чоколадо за готвење
  • 3 лажици црн еурокрем
  • 100 гр. маргарин
  • 150 гр. пченични снегулки со вкус на чоколадо или какао
  • 300 гр. бело чоколадо
  • 3 лажици бел еурокрем
  • 100 гр. маргарин
  • 100 гр. експандиран ориз
  • 150 гр. млечно чоколадо ( или Агрокрем блок)
  • 2 лажици масло

Подготовка

На тивок оган,или над пареа,истопете го црното чоколадо,маргаринот и еурокремот.Тргнете од оган и додадете ги пченичните снегулки.Добро соединете
Калапот обложете го со фолија или хартија за печење,истурете ја смесата и израмнете.
Повторете ја истата постапка и со смесата од бело чоколадо.Нанаесете врз првиот дел.
На крај,прелијте со предходно итопено млечно чоколадо.Оставете во фрижидер на 1 час.