Посно тавче со соја топчиња и кромид
Состојки
- 2 кг кромид
- 1 голем морков
- по потреба (половина пакетче) соја топчиња
- 4 суви пиперки
- 300гр печурки
Подготовка
Прво се вари половина пакетче соја топчиња во зачини. Потоа се динстаат две кила кромид во вода, а откако ќе омекне му се става сецкан морков, печурки, суви црвени пиперки, зачини по вкус, исцедените соја топчиња и сето се остава да подинста уште малку. Потоа се претура во тавче и се пече во рерна за да изврие водата.