Торта со јаболка и цимет
Состојки
- 7 поголеми јаболки
- 2 шољи (за млеко од 200мл) шеќер
- 1 шоља зејтин
- 1 пакетче цимет
- 1 пакетче сода бикарбона
- 1 шоља брашно
- 1 шоља гриз
- 2 јајца
- 1 прашок за пециво
- 6-7 лажици мармалад од кајсија
- 1 чоколадо за готвење
Подготовка
Јаболките се лупат и се рендаат на покрупната страна од рендето. Се додава шеќерот, зејтинот, циметот и сода бикарбона. Се остава да стои два часа (може и помалку). Потоа се додаваат јајцата (може и без јајца, па тогаш ќе биде посна тортата), брашното, гризот и пецивото. Тортата се пече четириесетина минути на 200 степени. Откако ќе се испече се премачкува целата торта со мармалад од кајсија.
Чоколадото се крши на коцки, се става 3 лажици вода, 1 лажица зјетин и се прави чоколаден прелив. Чоколадниот прелив се прелива врз мармаладот и се премачкува тортата. По желба се наросува мелени ореви.