Испечати

Баклава со кокос, јаболко и суви смокви

Баклава со кокос, јаболко и суви смокви

Состојки

  • 500 гр кори за баклава
  • за филот на баклавата
  • 200 гр шеќер
  • 300 мл вода
  • 4 лаж какао
  • 5 јаболки
  • 250 гр суви смокви
  • 100 гр кокос
  • за шербет
  • 700 гр шеќер
  • 600 гр вода
  • около 150 мл газирана вода за попрскување на баклавата

Подготовка

Најпрвин го спремаме филот.
Водата со шеќерот и какаото ставаме да зоврие. Во еден сад го ставаме кокосот излупено и изрендано јабоко, сецканите смокви. Со зовриениот шербет ја попаруваме ова смеса. Земаме една кора за баклавата ја прскаме масло, редиме уште една и таа ја прскаме со масло на третата кора го ставаме од едната страна филот и мотаме ролна. Замотаните ролни ги сечеме на парчиња, големината самите одредете си ја. Ги редиме во намрсен со масло плех, одозгора ја попрскуваме со газирана вода.
Печеме во загрена релна на 200 степени. Топлата баклава ја поливаме со оладен шербет.