Брз и вкусен колач
Состојки
- Подлога
- 3 јајца
- 9 лажици шеќер
- 80 мл млеко
- 80 мл масло
- 9 лажици брашно
- 1/2 пециво
- Фил
- 12 лажици кафеав шеќер
- 7 лажици вода
- 1 чоколадо
- 100 гр сечкани ореви
- 50 гр путер
Подготовка
За подлогата, измиксајте ги јајцата со шеќерот, ставете го млекото и маслото, па постепено додавајте го брашното, измешано со пецивото. Турете го во некоја правоаголна тава и испечете го на 200 степени.
За филот, ставете ја водата и шеќерот во тенџерче на оган, па кога ќе се загрее додајте го чоколадото, путерот и оревите. Убаво да се соедини и жешко прелијте го преку подлогата. Нека се олади па потоа исечете го на парчиња.