Испечати

Чорба со зелка и мелено месо

Чорба со зелка и мелено месо

Состојки

  • 1 мала (малку накај средна) свежа зелка
  • 500 гр. мелено месо (за посно може со 300 гр. обарени соини трошки)
  • 1/2 главица ситно сечкан кромид
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажица црвен пипер
  • сол,вегета,бибер(мелен) по вкус

Подготовка

Зелката ситно исечкајте ја. Ставете ја поголем(среден) сад(тенџере) во посолена вода да се оббари околу 30 мин. или помалку(брзо се вари)....
Во меѓувреме ситно исечкајте го кромидот и запржете го на загреано масло додека се застакли, додајте го меленото месо и посолете и побиберете по вкус. Привремено мешајте да не загори, пржете додека водата испари. Меленото месо додајте го во зелката, малку нека повари(5-10 мин.)
Загрејте масло(100 мл.)додајте да се запржи брашното мешајте да не ви загори(на потивок оган), тргнете го и додадете го црвениот пипер, мешајте да се изедначи. Додајте го во чорбата која врие(не многу амо малку да крчка). Измешајте и оставете да проврире уште 5 мин.
Тргнете го и служете..