Потпечени макарони со брокула
Состојки
- 500 грама макарони
- 100 грама кашкавал
- 100 грама салама
- 100 грама брокула
Подготовка
Макароните ги вариме и цедиме. Брокулата ја обаруваме кратко и ја потпржуваме во садот кај што се вареа макароните. Саламата и кашкавалот се сечкаат на коцки.
Се се става во сад за печење намачкан со масло. Зачинуваме по желба.
Печеме на 180 степени околу 20 минути.
Состојките може да се менуваат, може да се стави и печурки или пак сирење.
Доколку сакате помала количина може да ги намалите состојките.
Многу луѓе не ја сакаат брокулата но јас и син ми ја обожаваме >)