Гнезда од војвоткин компир

Состојки
- 1кг компир
- 150гр кисела павлака
- 2 јајца
- 2 лажици гриз
- 1 лажичка сол
- 1 лажица зачин
- 1/2 лажичка црн бибер
- 1 чешне лук
- 100гр маргарин
- 500гр мелено месо
- 1 главица рендан кромид
- 1 јајце
- 1 лажица зачин,црн бибер по вкус
- 1 чешне ситно сецкан лук
- 4-5 лажици презла
- 200гр бело сирење-100гр за пирето и 100гр за одозгора
Подготовка
Компирот се вари, а потоа се пасира како за пире. На испасираниот компир му се додава павлаката, јајцата, сирењето, гризот и зачините и смесата се мати со миксер. Од како убаво ќе се соедини(ќе се добие кремаста маса) смесата се сипе во шприц и во подмачкана тава се обликуваат гнезда.
Врз секое гнездо се става испржено ќофте и се покрива со смесата од компир. Врз гнездата се ренда бело сирење и смесата се става во загреана рерна околу 20 минути.
Ќофтиња
Се замесува смеса од меленото месо, изренданиот кромид, јајцето, презлата и зачините и убаво се меси. Се остава околу два часа да се спојат зачините, а потоа се пржат ќофтиња.
Доста интересен декоративен ручек-стандардното наше пире послужено на малку поинтересен начин. Пирето останува сочно при печењето, а исто и ќофтињата.