Испечати

Пилешка супа со брокули и морков

Пилешка супа со брокули и морков

Состојки

  • 1200мл. вода
  • 1 батак со карабатак
  • 2 помали моркова
  • 250гр. брокула
  • 1 лажица магдонос
  • 30-40гр. тестенини за супа( може и фиде)
  • по потреба мешавина сув зачин, црн бибер

Подготовка

Најпрвин сварете го батакот.
Оделете го месото и искинете го на мали парчиња, а потоа вратете го во водата. Додајте го ренданиот морков, додајте зачин и црн бибер и оставете да зоврие.
Откако супата ќе зоврие додајте ја тестенината за супа и варете додека омекне. При крај додајте ја брокулата и магдоносот и оставете ја на оган уште 3-4 мин.