Испечати

Чоко кокос колачиња

Чоко кокос колачиња

Состојки

  • 60 грама маргарин
  • 4 лажици млеко
  • 1 белка
  • 250 грама шеќер во прав
  • 200 грама кокос
  • 200 грама топена чоколада

Подготовка

Маргаринот се топи, се матат млекото и белката, па се додава шеќерот и кокосот.
Се заедно се миксира па го оставаме во замрзнувач да постои околу половина час покриено со фолија ( за да не се засуши )
Потоа по желба оформуваме топчиња, па ги валкаме во чоколада или ги ставаме во силиконски калапи претходно намачкани со топено чоколадо.