Солени колачиња со горгонзола
Состојки
- 135 гр брашно
- 100 гр путер на собна температура
- 100 гр горгонзола
- 30 гр пармезан
- 1 лажиче(4 гр) пециво
- За премачкување
- малку млеко
- по потреба сусам, мак, сецкани ореви
Подготовка
Сите состојки ставете ги во сад и замесете тесто. Завиткајте го во најлонска фолија и оставете го во фрижидер 45 мин. Потоа на набрашнета површина развлечете кора 5-6 мм и со калапчина правите колачи. Наредете ги на плех обложен со хартија, премачкајте ги со малку млеко и наросете ги со сусам,мак и ореви.
Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени 15 мин.
Послужете ги како предјадење со пијалок по желба.