Испечати

Торта со мармалад

Торта со мармалад

Состојки

  • 300 гр. шеќер
  • 350 мл. вода
  • 3 лажици мармалд(по желба)
  • 1 пециво
  • 1 ванилен шеќер
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 6 лажици зејтин
  • 400 гр. брашно
  • 1 лажичка цимет
  • 100 гр. чоколадо за готвење
  • 200 гр. мелени бадеми

Подготовка

Сите состојки по редослед се стават во длабок сад и се меша додека добиеме хомогена смеса(јас додадов и сецкани бадеми и малку цимет).
Смесата ја ставаме во намрсен сад со масло и брашно и печиме 30мин. на средна температура. Кога ќе се испечи тортата ја оставаме да се олади, потоа ја премачкуваме со мармалад и врз него го полеваме растопеното чоколадо и наросуваме со мелени бадеми.
Се надевам дека ќе ви се допадне.
Добар апетит!!!