Суви пиперки на еден поинаков начин
Состојки
- 15 суви пиперки
- 100 гр масло
- 100 гр брашно
- 2 јајца
Подготовка
Во длабок сад ги обаруваме сувите пиперки и водата ја цедиме.
На страна во друг сад ги матиме јајцата и додаваме малку сол.
Цедените пиперки ги валкаме во брашно, па потоа ги потопуваме во јајцата.
Така приготвени ги пуштаме во врел зејтин.
Се пржат многу малку. Изгледаат како риби :)