Чоколадна торта со Нутела и портокал
Состојки
- За 2те кори по:
- 4 јајца
- 8 лажици шеќер
- 4 лажици брашно
- 2 лажици млеко
- 1/2 пециво
- 4 лажици Нутела
- Прелив
- 2 лажици шеќер
- сок од 1 портокал
- 2 лажици какао
- 200мл млеко
- ФИЛ
- 500мл слатка павлака
- 400гр чоколада
- кора од портокал
- 4 лажици Нутела
Подготовка
Чоколадна,сочна торта со вкус на портокал и Нутела.....(без маргарин....)
1. Најпрво се матат јајцата со шеќерот пенасто, а потоа се додаваат останатите состојќи и се печи во подмачкан плех со обрач бр.24. Постапката се повторува уште еднаш. Значи се прават 2 кори.
2. Кога корите ќе се оладат се преливаат со преливот кој претхотно се вари 5мин.
3.Слаткат павлака се загрева се додава чоколадата и Нутелата и се меша додека не се изедначи филот и да стане густ. Се додава изрендана кора од портокал .
4. Кога малку ќе се олади филот -15мин се филува Кора,фил,кора фил.Сето ова се филува во плехот со обрач зошто филот е течен, но кога ќе олади се стврднува.Пријатно!