Сладок леб за појадок
Состојки
- 550 гр брашно
- 20 гр квасец
- 2 лажици шеќер
- 2 лажички сол
- 2 лажици млеко во прав
- 2 лажици мак
- 1 лимон кора
- 30 гр маргарин
- 350 гр вода
Подготовка
Во длабок сад го ставаме брашното, квасецот, шеќер,сол, мак, млеко во прав, рендаме кора од еден лимон. Водата ја загреваме со маргаринот и додаваме кај брашното месиме помеко тесто кое малку се лепи за раце. Го оставаме тестото да стаса. Потоа го размесуваме и обликуваме ставаме во модла која претходно сме ја намачкаме со маргарин и малку брашно. Оставаме да нарасне лебот и печеме во претходно загреена релна на 220 степени. Служете го со мармалад, путер , чај.