Бомбици со бадеми
Состојки
- 2 фулџани ( 150 мл) мелени бадеми
- 1 фулџан шеќер во прав
- 1 јајце ( само белката)
- 1/ 2 лажичка какао
- 50 грама рендано чоколадо за валкање на бомбиците или ( мелени бадеми)
Подготовка
За подготовка на овој рецепт најпрвин ги мелеме бадемите. Потоа убаво ја матиме белката со шеќерот. Ги додаваме мелените бадеми и какаото. Добро ја промешуваме смесата и правиме топчиња големина по желба.Чоколадото го рендаме на едрата страна од рендето и ги валкаме бомбиците. Оставете ги во фрижидер да одстојат малку поубави се така. Многу се вкусни. Се надевам 'ќе ви се допаднат. Ви посакувам добар апетит.