Испечати

Чоко моко со фстаци со нутела

Чоко моко со фстаци со нутела

Состојки

  • 150 гр сечени фстаци
  • 50гр мелени бисквити
  • 100гр нутела
  • За чоколадирање
  • 2-3 лажици масло
  • 100 грама чоколада за готвење

Подготовка

Сите состојки замесете ги со нутелата, така што ќе добиете малку порофито тесто. Ако тестото ви се рони додадете уште малку нутела да се добие компактност на тестото.
Готовото тесто ставете го во фрижидер околу пола час, малку да се стегне и потоа формирајте топчиња или исучете кора со дебелина од 1до1,5 см и вадете форми на колачи.

Колачите добро изладете ги во фрижидер, па чоколадирајте ги со растопеното чоколадо .
Готови ставете ги во хартиени корпички и уживајте во чоколадниот вкус на фстаците...