Слатко срце со црвено вино
Состојки
- * За колачот
- 120 гр маргарин
- 120 гр шеќер
- 1 ванила
- 1 лажица арома ванила или 1 ампула во прав
- 2 јајца
- 125 гр брашно
- 2 лажички прашок за пециво
- 2 лажици какао
- 75 мл црвено вино
- 75 гр рендано чоколадо
- по околу 1/2 лажиче цимет, ѓумбир и каранфилче
- * За прелив
- 250 гр шеќер во прав
- 6 лажици црвено вино
Подготовка
Пенасто се мати маргаринот со шеќерот и ванилите. Постепено се додава едно по едно јајце. Секое јајце се мати околу половина минута.
Се додава виното во неколку наврати, па потоа исто така и мешавината од суви состојки.
Матете уште една минута, па на крај, со лажица вмешајте го ренданото чоколадо.
Смесата излијте ја во подмачкан и набрашнет калап за срце тарт (големина24) и печете на 180 степени околу 25 мин.
Испечениот колач после 10 мин. извадете го од калапот и оставете да се излади.
Измешајте го убаво шеќерот во прав со виното и со него прелијте го колачот насекаде одозгора. Смесата брзо се здрвува.
Украсете со ружички од желе или марципан.
*** Колачот беше наменет за 14 февруари, како спој на виното и љубовта, на тие што слават Валентајн и Трифун, се во едно. Јас не славам ни едно ни друго, ама Тифун многу си го поштовам (позвучно ми е од почитувам) ))) Ама, не значи дека нема да го обожавате во било кој ден од годината, како што и ќе љубите секој ден, а наздравите во убави пригоди со чаша црвено вино.