Едноставна тарана
Состојки
- 1 јајце
- 100 гр брашно
Подготовка
Ова е одличен, брз начин за приготвување тарана. Може да се вари свежа, а можете и да ја исушите па да ја користите по потреба или обично сварена, па со сиренце или како тестенина за супа.
Се' што ви треба е еден миксер. Во вангла ставете го јајцето и брашното и со миксерот, со најголема брзина, измиксајте 3-4 секунди. Тараната е готова.