Испечати

Љубовни медени срца

Љубовни медени срца

Состојки

  • 200 грама мелени бисквити
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 4 лажици какао
  • 1 лимон кора
  • 3 лажици мед
  • 300 грама мелени ореви
  • 130 грама маргарин
  • 8 супени лажици шеќер во прав
  • 200 грама чоколадо за готвење
  • 50 милилитри рум

Подготовка

1. Во сад се ставаат сите состојки, се ренда кората од лимонот и се става претходно растопеното чоколадо.
2. Сите состојки се мешаат заедно а кога ќе се соедини, се извлекува кора со средна дебелина.
3. Од неа со калап се вадат форми во облик на срце (може и други).
4. Се прелеваат со чоколадо и се оставаат малку да се стврднат.
Прекрасна ужина после попладневното кафе.